Актерот Том Харди самиот фатил крадец, откако го бркал низ градини и дворови во Лондон.
Холивудската ѕвезда, исто како во акционен филм, го фатила крадецот по гонење и го претресла за оружје. Инцидентот се случил во близина на неговиот дом во Ричмонд, во југоисточниот дел на британската престолнина.
Според сведок на случката, цитиран од британскиот весник “Индипендент”, Харди се “префрлил во режим на суперхерој” и без проблеми го фатил крадецот. Со негова помош бил уапсен и уште еден наводен соучесник.
Сведокот – 22-годишниот Арон Палон изјави дека видел двајца мажи како поминуваат со мопед на црвен семафор на преполна раскрсница и се судираат за малку во близина на мерцедес. Според него Харди одел по улицата за време на инцидентот.
“Го прашав Том што се случило и тој ми рече дека го бркал (едниот сторител) преку задниот мој двор и го фатил од другата страна на улицата”, изјави Палон.
Портпаролот на ѕвездата одби да коментира случката.