Американски град одржува специјална апликација за велосипедистите

од Vladimir Zorba
67 прегледи

Општинските власти во американската општина Мериленд сити пуштија апликација за велосипедисти што им помага на луѓето на две тркала да ги избегнат најопасните улици. Бројот на велосипедистите расте нагоре, веројатно затоа што станува збор за спорт, кој освен што е корисен за здравјето e и “зелен” начин на движење.

Во сите случаи ако луѓето кои го користат велосипедот за движење, стануваат повеќе, расте и бројот на загинатите по патиштата во САД. Не сите улици се погодни за возење на точак и движењето по нив создава опасни ситуации.

За да им се олесни на велосипедистите, Мериленд сити пушти апликација во форма на мапа, која ги покажува улиците во различни бои во зависност од степенот на ризик.

Картата создадена за година со користење на “Гугл стрит вју” (Google Street View). Собрала и бројни податоци, меѓу кои фреквенцијата на метеж, просечната брзина и др.

Откако во 2016 година беше ставена апликацијата на пазарот, таа ужива вистински успех и се користи од страна на велосипедистите за полесно и побезбедно движење низ градот.