Состојки:
500 г пилешко филе
200 г варен наут од конзерва
2 зелени пиперки
2 црвени пиперки
2 моркови
2 чаши бело вино
2 штипки сол
2 штипки црн пипер
1 нотка пиперка
2 чешниња лук
1 глава кромид
1 нотка рузмарин
1 лажица брашно
50 мл масло
Подготовка:
Исечете го пилешкото на крупни парчиња. Извалкајте го во брашното, солта и зачините. Пржете го во загреано масло во длабок сад. Откако ќе се испржи од сите страни за неколку минути извадете го од садот.
Во истото масло пржете исечен кромид, моркови, пиперки, лук. Откако ќе се запржат, додадете наут (исцеден) и белото вино. Оставете на тивок оган под капак до задебелување.
Кога зеленчукот ќе омекне, вратете го месото назад во судот и гответе уште 15 минути.