[РЕЦЕПТ] Сладолед со вкусна глазура

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Состојки:
1-2 тркалезни кутии сладолед по ваш избор
чепкалки за сладолед
бело и млечно чоколадо
мелени ореви
свежи, сушени овошја
Подготовка:
Оставете ја кутијата со сладолед за неколку минути на собна температура. Потоа внимателно пресечете ја со ножици и извадете го сладоледот. Ставете во него дрвени стапчиња и пресечете околу нив со нож, за да се добијат посебни сладоледи.

Ставете ги на кујнска хартија во соодветен сад и изладете во замрзнувачот. Се топи на водена бања чоколадо (кога ќе го потопите во нив сладоледот не смее да е врело, туку малку ладно). Потоа потопете го секој сладолед во различно чоколадо и посипете со ореви, чоколадо, кокосови стапчиња, свежо овошје и повторно замрзнете за неколку минути.