Состојки:
400 г бејби спанаќ
250 г пилешки гради
неколку јагоди
неколку ореви
сино сирење
маслиново масло, сок од лимон
сол по вкус
Подготовка:
Подгответе ги пилешките гради на грил тава со неколку капки маслиново масло. Откако се подготвени може да ги сечете на парчиња. Измијте го спанаќот и ставете го во сад. Додајте кон него месото, исечените ореви и јагоди.
Зачинете со сол, сок од лимон и маслиново масло. По желба може да го замените сокот од лимон со оцетот. Ако сте љубители на сино сирење, неколку парчиња ќе го направат вкусот на салатата уште побогат.