4 причини да излегувате со двајца мажи истовремено

од Vladimir Zorba
240 прегледи

Стереотипите кои општеството ги наметнува, нè попречуваат да ја ослободиме мислата. Спречуваат да ја избираме среќата и да проценуваме со кого сакаме да го споделиме животот.
Понекогаш истовремено пред нас се појавуваат можности да излегуваме со повеќе од еден маж, но стереотипите за моногамија нè спречуваат да си дозволиме да направиме избор, истовремено имајќи средби со двајцата.

Не можете да процените? Се прашувате како да го направите вистинскиот избор за среќата, како се откажете од едниот маж без да сте излегувале некое време со него? Престанете да се прашувате!

Еве неколку причини да не ви е гајле дека излегувате со повеќе од еден маж истовремено во името на вистинскиот избор за среќа!

Ова ви овозможува да ги споредувате квалитетите и да го одберете подобриот
Понекогаш мажите се појавуваат непостојано во нашиот живот, но во многу случаи е можно да се појават и истовремено. Тогаш не испитувајте сомнежи и каење, ако одлучите да се сретнете и со двајцата. Само така ќе го направите најдобриот избор за себе и својата иднина.

Ова ја зајакнува самодовербата и ве тера да се чувствувате сакани
Нема жена која не сака да биде сакана. Кога вниманието на повеќе од еден маж истовремено е насочено кон вас, тоа нема како да не влијае на самодовербата. Ќе летате од среќа кога два или повеќе пара машки очи се впериле во вас.

Тоа ви помага да спречите емотивно и интимно поврзување со погрешен човек
Неколку средби ќе се доволни да процените дали вреди да продолжувате со едниот маж или да се откажете од него. Внимавајте само да не се заљубите премногу брзо, уште повеќе и во двајцата истовремено! Тоа ќе ја побрка тотално сликата. Запомнете дека ја правите оваа мала комбинација на двајца мажи во името на својата среќа, а не само за да ги вртите на малиот прст.

Внимавајте, бидејќи лесно може да ве почувствуваат
Мажите не се глупави. Тие лесно можат да почувствуваат дека има друг маж, кој ви ја ангажира свеста. Ако биде така, шансите да  ви го дознаат пеколниот план, не се премали! Во такви случаи има два типа мажи – такви кои веднаш се откажуваат и такви кои се подготвени да се борат за вашето внимание и избор. Така ќе процените кој од двајцата е подготвен да ја активира машката природа на освојувач и да се бори за вас.