[РЕЦЕПТ] Печени шпагети со сланина и кашкавал

од Vladimir Zorba
387 прегледи

Состојки:
1 пакетче шпагети
1 конзерва излупени домати
300 г сланина или шунка
2 страка свеж босилек
400 г кашкавал
1 нотка сол
1 штипка црн пипер
2 чешниња лук
Подготовка:
Сварете ги шпагетите во солена вода, па да останат алденте. Исечете сланина на коцки, кашкавалот изрендајте го. Истолчете го лукот и потоа исечете го на ситно. Исечете ги доматите од конзервата на коцки.
Ставете ги шпагетите заедно со останатите производи (без кашкавал) во намачкан сад за печење. Печете на 250 степени околу 20-30 минути. Извадете шпагети од рерната и обилно посипете со сирење. Вратете назад, додека да фати златна коричка.