Сакате повеќе секс? Престанете да одите на фитнес!

од Vladimir Zorba
134 прегледи

Ако одите во салата за да флертувате со сексапилни девојки, тогаш имаме лоша вест за вас! Сексуалниот живот нема да се подобри, туку ќе се случи токму спротивното заради вашите тренинзи. Според истражувањето на Универзитетот во Северна Каролина мажите кои редовно одат на фитнес, имаат помалку активен сексуален живот. Зошто се случува така?

1. Повеќе фитнес, пониско либидо

Истражувањето тврди дека господата кои се фанатични на тема фитнес, имаат помалку желба за секс од оние кои не ја посетуваат сериозно салата. Логично е тоа да е токму спротивното, бидејќи безбедносните вежби го зголемуваат нивото на тестостерон, но доста од тренирачите голтнат “хемија” во името на убавото тело, што може да ја потисне нивната желба за интимност.

Друг феномен кај фитнес манијаците е нивната желба да си ги чуваат силите и “протеините” (семената течност), поради што одбиваат да имаат редовно секс. И најмногу ако се на некаков режим!

2. Синдромот на вечниот замор

Вежбите би требало да тонизират и човек да се чувствува живо и да има желба за различни активности, но не и вашиот маж кој “троши” во салата секој ден со часови. Како резултат, тој е постојано уморен и не сака да слушне за повеќе “вежби” дури и да му ветуваме да го “јаваме”. Не само тоа, туку 2 часа после теретаната веќе ‘рчи задоволно на каучот.

3. Прекумерна строгост

Проблемот кога вашиот партнер е вљубен во салата, а вие не, е дека тој почнуваа да се гледа за себеподобен не само од својот пол. Ако не сте со “совршено” тело, ништо чудно да почне да ве убедува да одите и вие на фитнес и да ви прави ситни забелешки за изгледот. Не само тоа, тој постепено ќе престане да биде привлечен од вас, а најверојатно и вие самата нема да сакате да се соблекувате пред него, бидејќи веќе ќе имате комплекси.