Во почетокот на една врска секој од партнерите цени дали работите ќе одат или не. Се разбира, никој не може да е сигурен од неколку први средби, но сепак има одредени гестови кои ќе го натераат да не ви се јави повеќе.
Ако навистина паѓате на мажот со кого се гледате, само внимавајте да не ги дозволите овие грешки во однесувањето. Сè е прашање на самоконтрола!
Се вљубувате премногу брзо
Едно од најпознатите застрашувачки работи за мажите е признанието на љубов од страна на жените. Всушност нема човек кој ќе се израдува, ако му признаат дека го сакаат премногу рано. Некако преизразено е и сугерира за евентуално посесивно однесување.
Нервни сте и се однесувате неизвесно
Женственоста е на прво место! Никогаш не дозволувајте да му покажете на маж дека сте нервозни и не сте сигурни во женственоста и атрактивноста. Тоа ги одбива мажите. Тој нема да ве побара, ако постојано се однесувате како плашлива кравичка.
Напаѓате и агресивна сте
Другата крајност исто така не е добра опција. Ако се однесувате напаѓачки и го гледате злобно цело време на средбата, тој нема да ве побара за втора. Ќе го натерате да се чувствува како на испит кој не го издржал.

Разговарате за пари
Тоа е омилена во наводници тема на мажите. Ако постојано се споменува зборот пари за време на разговорот, многу веројатно е тој да ве смета за спонзоруша.
Ја губите мистериозноста
Мажите сакаат мистериозни жени, оние кои оставаат храна за имагинацијата. Ако сте споделиле сè за себе уште во првите средби, тој брзо ќе изгуби интерес за вас.
Му се јавувате, пишувате, го гоните
Мажите по природа се создадени да ловат. Немојте вие да ги гоните нив. Треба да е обратно!
Подготвена сте за секс уште на првиот состанок
Тоа веднаш значи сигнал за мажите дека со вас сериозна врска не може да има. Нема да ви откажат забава меѓу чаршафите, но тешко дека ќе ве побараат повторно за друго освен за секс.
Разговарате за поранешните
Стрпете се со овие откровенија. Некогаш ќе стане збор и за нив. Но, нека не се централна тема во почетокот на врската со овој човек, бидејќи тоа дефинитивно ќе го протера.