
Мајли Сајрус се појави со венчален прстен, со што дополнително го разгори огнот. Од јануари минатата година се зборува дека таа и Лиам Хемсурт ја обновиле врската, а денес тоа озборување придоби нов изглед.
Малку по првите гласини Мајли и Лиам лично потврдија дека се смириле. Актерот дури и подарил и втор веренички прстен на партнерката. Вчера Мајли соопшти дека на 11-ти мај ќе излезе со нова песна.
Проектот се разликува од сите претходни и е посветен на нејзината љубов кон Лиам. За венчалниот прстен некои посочија дека тој е на раката на пејачката веднаш по тајната свадба која двојката ја направила на Нова година. За таквиот настан и Мајли и Лиам упорно молчат.