Иако доминантен облик на ширење на полово-преносливите болести е по сексуален пат, нив можете да ги добиете и на овие пет начини, кои воопшто не ги вклучуваат половите односи.
Повеќето полово преносливи болести немаат изразени и јасни симптоми. Но освен со секс, можно е да се заразите со полова болест, а воопшто да не сте биле полово активни, пишува Мирор. Она што загрижува е што станува збор за предмети и места за широка употреба:
1.Балзам за уста
Постојат два вида херпеси-орален и генитален, а двата вида се пренесуваат со директен контакт. Ако позајмите балзам за усни од некој кој има орален херпес, и вие можете да го добиете. Исто така ако некој ставил балзам веднаш по орален секс и на тој начин можете да го пренесете вирусот на генитален херпес. Од друга страна , вирусите не можат долго да преживеат на ваквите предмети. Сепак, најдобро е да се има сопствен балзам и да не го делите или позајмувате од други.Од оваа причина не се препорачува да се тестираат кармините или балзамите директно на устата во парфимериите туку на раката.
2.Брада
Моментално полните и убаво средени бради се многу популарни. Но тие имаат голем потенцијал да станат плодна почва за развој и множење на габички, предизвикувајќи габични инфекции и херпес.На брадата може да се пронајдат и срамни вошки. Многу густата брада исто така може да ги сокрие симптомите на проблем со кожата, па затоа е важно да се одржува хигиена на брадата-редовно да се мие, чешла и средува, пишува Мирор.
- Депилација на бикини зоната
Депилацијата никако не е пријатна, а покрај тоа ако вашиот козметичар е небрежен и има навика истото апликациско стапче да го потопува во восок два или повеќе пати кој го користел за депилација на некој друг-постои шанса да се заразите со полово пренослива болест. Веќе некое време истражувањата покажуваат дека отстранувањето на влакненцата од бикини зоната го зголемува ризикот од зараза со полови болести(бидејќи улогата на влакненцата е да ги штитат отворите на телото)
- Солариум
УВ зрачењето ги убива бактериите, но премногу сунчање во солариумот може да резултира и со поголема отпорност на бактериите кои се веќе присутни во телото. Исто така, во солариумот се присутни и различни габички , вируси и бактерии како фекални бактерии, херпеси и ХПВ вируси. Нужно е да се исчисти солариумот пред и после сончањето за да ги сведете овие ризици на минимум.
- Тетовирање или ставање пирсинг
И кај тетовирањето и пирсингот е многу важна хигиената. Повеќето салони ја одржува хигиената на инструментите, но посебно внимание треба да обрнете на иглите кои можат да бидат преносители на хепатитис Б или Ц, или ХИВ вирус.
С.В.