На некои луѓе никогаш не им е доста од возбуда па фантазираат за сè и сешто.
Така многу машки фантазираат за некои работи во сексуалниот живот со кои жените не се секогаш воодушевени. Еве некои машки фантазии и што жените мислат за тоа:
Секс во тројка
Повеќето жени нема да се согласат на групен секс, односно нема да сакаат да го делат партнерот со друга жена. Ако партнерот тоа им го предложи, многу ќе помислат„ Зошто„ и ќе се замислат над сериозноста на нивната врска.
Да се облечат во чуден костим
Жените сакаат да се чувствуваат секси , но ретко ќе бидат воодушевени на себе да стават некој смешен костим, од типот на Алиса во земјата на чудата. Обете страни требаат тоа еднакво да го сакаат за да биде сексот фантастичен. Жените повеќе сакаат да бираат секси долна облека или униформи на францускисобарици. Некои уживаат во тоа, некои не. И никако не е добро да и се приговара на партнерката ако таквиот вид на секс не ја интересира и не ужива во него- од форсирање може да има повеќе штета отколку корист.
Анален секс
И во овој случај некои жени го сакаат тоа други не. Да бидеме реални, тој отвор не е создаден за водење љубов и затоа не треба со сите сили да ја убедувате партнерката на анален секс ако таа не е заинтересирана за тоа.
Секс на чудно место
Тоа секако може да внесе дополнителна возбуда и страст во врската. Не фантазираат само машките за сексот на некое посебно место, за тоа често фантазираат и жените. Некои мажи тоа ги возбудува бидејќи ги асоцира на порнографските филмови.На пример, негде на некоја осамена плажа, во шума, во стар дворец.Некои жени тоа го сакаат , повеќето не.
Секс на опасно место
Се разбира, авантуристички настроените жени кои копнеат за адреналин, таквата идеја едвај ќе ја дочекаат. Секс, на пример , на работ на некоја карпа, ќе им биде неизмерно задоволство.
Заедничкото гледање на порно филмови
Жените можат еднакво да уживаат во порнографските филмови како и машките. Но ,на многу тоа нема никаква смисла бидејќи љубовната врска им е повеќе од „гимнастика во кревет„. Други пак ќе речат „Подобро е да правиш, отколку да гледаш„
Снимањето на сексот
Повеќето жени сомнително ќе гледаат на таков предлог и ќе помислат може ли да му се верува на партнерот за да се согласат на тоа. Многу се разочарале кога такви филмчиња завршиле на интернет после прекинот на врската.
С.В.