Унгарија: Не пуштаме струја низ граничната ограда

од desk3
73 прегледи

Главниот советник на претседателот на Владата на Унгарија за национална безбедност, Ѓерѓ Баконди, демантираше дека се пушта струја низ заштитната ограда  за мигранти на српско – унгарската граница.

 

 

Тој на националната телевизија M1, ваквите тврдења ги нарече  “апсурдни”, додавајќи дека оние кои објавуваат такви вести “имаат сериозни проблеми”.

“Со струја се снабдува осветлувањето, надзорните камери и озвучувањето покрај оградата, кои без струја нема да функцонираат. Исто така во делот на ‘интелигентната’ ограда постои напојување на алармниот систем кој дојавува дали некој се обидел да ја пресече оградата, но тој кој би се обидел , ништо нема да осети, тврди Баконди, за РТС.
Интернет порталот Index.hu денеска објави информација дека се  “воведува струја ” во оградата на унгарско – српската граница.

Министерството за внатрешни работи на Унгарија исто така демантираше велејќи дека “неоправдано се подигаат тензиите”.