Ѓорге Иванов треба веднаш да го даде мандатот за формирање Влада. Постои Програма на реформската Влада што ја гарантира унитарноста на Р.Македонија, работа според Уставот и во интерес на евро-атлантските перспективи. Ќе има и реафирмирање на овие стратешки определби, со цел да се разбијат до крај оправдувањата поради коишто Иванов и опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги блокираат демократските процеси, а тоа се одразува штетно врз граѓаните, стои во партиското соопштение на СДСМ.
Според нив оваа практика на свесно кочење на демократските процеси во заштита на Никола Груевски и неколкумина негови соработници од соочување со правдата, оди на диреткна штета на граѓаните, кои чувствуваат штети врз нивните семејни буџети, а од понеделник голем дел од грaѓаните во општините ќе останат без плати и потребните општински услуги.
Никакво лицемерно лицитирање со датуми не е решение. Решение е да се даде мандатот, претседателот Заев да ја формира новата Влада и да се договори датумот за локалните избори, стои во соопштението на СДСМ