(ВИДЕО) Дејвид Бекам доби критики за актерската игра

од Vladimir Zorba
278 прегледи

Фановите на Дејвид Бекам не се фасцинирани од неговата игра во “Кралот Артур: Легенда за мечот”. Негативните коментари ги зафатија социјалните медиуми.

Филмот се појави како еден од кинохитовите на сезоната, со учество на Чарли Ханам и Џуд Ло. Сепак поранешниот фудбалер понесе многу потсмев за своето деби во киното. Кинофановите напишаа: “Кој му рече на Дејвид Бекам дека може да игра? Сигурно е истиот, кој ѝ рекол на Викторија Бекам, дека може да пее, ужас! ”

„Единствено што остана во мене по” Кралот Артур “, е фактот дека Дејвид Бекам не знае да глуми. А, мислам дека тоа веќе го знаев и порано.”

Самиот Бекам изјави за актерската авантура: “Знам дека ова е тешка професија, во која ти требаат огромно количество вештини и дисциплина, и не сакам да скокам во длабокото пред да научам повеќе и да придобијам искуство.

Филмот веќе игра во скопските кина.