“Фејсбук” нема да ги спречи корисници да емитуваат во живо обиди за самоубиство

од desk3
87 прегледи

Социјалната мрежа “Фејсбук” нема да престане со емитување во живо на самоубиствата од страна на корисниците, бидејќи не сака да ги цензурира или казнува луѓето во неволја, кои се обидуваат да се самоубијат. Ова станува јасно од документите на компанијата наменети за внатрешна употреба меѓу нејзините модератори, пренесува БГНЕС.
Вработените сепак ќе ги отстранат од мрежата “штом веќе нема можност да му се помогне на човекот”, се вели во текстот до кој дојдоа новинарите во  “Гардијан”, додава БГНЕС. Во него се наведува дека ќе бидат направени исклучоци  само доколку инцидентот има значење како вест, пишува весникот.
Политиката на компанијата е формулирана врз основа на мислења на експерти и ги одразува  напорите  за обиди  да се справи со деликатната и загрижувачка содржина на сајтот.
Според “Гардијан” во последните месеци меѓу вработените на “Фејсбук” се зголемила загриженоста за тоа како корисниците го користат социјалната мрежа.