Германскиот канцелар Ангела Меркел е шокирана и тажна од терористичкиот акт во британскиот град Манчестер, во кој загинаа најмалку 22 лица, а вети дека ќе се бори со оние кои вршат такви незамисливи дела , соопштува “Ројтерс”.
“Овој терористички напад само ќе ја зацврсти определбата ни да продолжиме да работиме заедно со нашите британски пријатели против оние кои планираат и изведуваат слични нечовечки дела”, истакна Меркел.
“Го уверувам британскиот народ: Германија стои на ваша страна “, додаде таа.