Околу 18.000 жени во Грција се проституираат по цена од 10 до 50 евра.
Според шокантните податоци на годишна основа се реализираат меѓу 11 и 12 милиони изнајмувања на проститутки на територијата на Грција. Околу 18 илјади се жени , кои го практикуват најстариот древен занает. Според извештаите, сепак најново е дека 35-40 проценти од проститутките се Гркинки. Неверојатен висок процент кој станува се поголем поради економската криза.
Така се пониско паѓаат цените на сексуалните услуги. Во помалку развиените области цените на сексуалните услуги се паднати дури на пет евра. Просечо, една проститутка во Грција заработува околу 80.000 евра, но само 40 проценти остануваат за нив. Остатокот се дели меѓу макроата, шферцерите и мафијашите. Ова се тажни статистички податоци велат организаторите и учесниците на конференцијата во врска со прашањата за сексуално насилство, со кој се соочуваат вработените во сексуалната индустрија одржана во Грција.