„Епл“ ја отвори својата прва продавница во Југоисточна Азија

од Vladimir Zorba
68 прегледи

“Епл” ја отвори својата прва продавница за Југоисточна Азија во Сингапур, собирајќи стотици возбудени фанови во објектот во луксузниот трговски реон на градот. Новиот магазин лесно се препознава по култната стаклена фасада и се очекува да биде еден од најпопуларните во светот, посочуваат од американскиот технолошки гигант.

Производи како “Ајфон” и “Мекбук” се поставени стратешки на пространиот прв кат, а на врвот се наоѓа и “училница”, во која клиентите можат да учествуваат во практични сесии.

Стотици се упатија кон зградата, набргу откако вратите се отворија, јави репортерот на АФП. Прв на опашката беше 25-годишен кинески државјанин кој работи во Макао и чекал пред влезот со часови од вечерта.

“Епл”, чие богатство се проценува на околу 256,8 милијарди долари, ја одбележа својата 40-годишнина лани. Повеќето од приходите доаѓаат од iPhone, кој се соочува со потешка конкуренција на заситениот пазар. Компанијата има околу 500 продавници во целиот свет со повеќе од 1 милион посетители дневно.