Richard Mille претстави супер часовник

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Швајцарскиот производител на часовници Richard Mille произведе суперчасовник, чиј корпус може да издржи оптоварување до 10 000 g.Преоптоварувањето со еден g е еднакво на тежината на телото во полето на Земјината гравитација.

Куќиштето на часовникот од жолто-црвена боја е создадено од иновативните материјали TPT Quartz, а мостовите од титаниум Grade 5. Ремчето на часовникот не е од кожа, туку од текстил во жолта боја.

Во мај 2016 година брендот го пушти првиот часовник со автоматски механизам од колекцијата создадена со учество на тенис ѕвездата Рафаел Надал.

Компанијата Richard Mille е основана во Швајцарија во 1999 година. Годишно таа пушта околу 4.000 часовника и една од најскапите марки часовници, која соработува со многу познати личности од шоу бизнисот, спортот и уметноста.