Тој се вика Реем, а не Робокап. Првиот хуманоиден робот кој се приклучува на силите на редот на Дубаи, нема можност да ги гони и задржува криминалците како тешко вооружениот “колега” од хит филмот од крајот на 80-тите. Реем беше презентиран од полицијата во Дубаи на 22 мај, соопшти информативниот сајт “Франс24”.
Тој има многу мил и љубезен изглед. Треба да започне со работа овие денови. Ќе помага на туристи и жители на Дубаи во трговските центри во главните туристички објекти. Реем е развиен од шпанската компанија “Пал Роботикс”. Тежи 100кг, висок е 170 см и се движи на нешто како Ролери, а може да развие брзина едвај од 3,5 км / ч. Носи иста униформа како колегите луѓе и ќе може да изврши и некои од нивните задачи.
Целото торзо му претставува тач екран. Ќе може да дава инструкции на изгубени туристи, да ги ориентира на арапски и англиски и ќе им дава информации за јавни услуги или туристички објекти. Ќе прифаќа и пораки за извршени злосторства, но само ќе ги пренесе на “колегите -луѓе”.
Реем ќе може и да ги казнува прекршителите. Основниот модел на Реем чини 185 000 долари. Тој, сепак, се усовршува со помош на дополнителни модули, но тогаш и цената ќе расте. Тоа сепак не значи дека Реем ќе може да се претвора во Робокап или во варијанта на “Биг Брадер”.
Во развојот се применуваат строги етички правила. Тие исклучуваат вооружување на робот. Шпанската компанија исто објаснува дека не склучува никакви воени договори. Дубаи планира да ги пополни значителен дел од своите полициски сили со бројни Реем-ови. Плановите се до 2030 роботи да сочинуваат 25% од полициските сили на емиратот.
Тие ќе настапат и со “црна” работа. Ќе се занимаваат со документацијата и ќе укинуваат колеги во полициските станици при прифаќање на молби, декларации и др. Дубаи не е единствената земја која користи роботи како полицајци. Во Јапонија роботот шериф беше програмиран во почетокот на годината, да пронајдат криминалец кој потоа да биде уапсен од вистински полицаец. Во септември 2016 робот деминерот беше користен во САД да деактивира осомничен.