Сообраќајот во Прилеп е уреден по европски терк

од desk3
114 прегледи

Со зголемувањето на бројот на возила во Прилеп се јави потребата од редефинирање на сообраќајниот и паркинг систем во градот. На повеќе места старите семафори беа заменети со кружни текови кои не предизвикуваат застој во движењето, информираат од Општината.

„За оваа намена се изградија повеќе кружни текови :

Кружен тек со споменик „Карпалак“
Споменикот „Прилепски бранители“ кај хотелот Липа
Кржен тек кај Поштата
Кружен тек кај поранешна фабрика „Солидност“

Поради одличните ефекти кои се постигнаа со изградбата на кружните текови и намалувањето на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје во наредниот период локалната самоуправа на Прилеп планира да изгради уште неколку кружни текови со што дополнително ќе се растовари сообраќајот. Нови кружни текови планирано е да бидат изградени кај :

Кружен тек на мост „Табана“, кој исто така треба да почне наскоро да се гради
Кај новата автобуска станица
Во близина на Економскиот факултет
Кружен тек кај маркет „Тинекс“, наспроти Домот за култура „Марко Цепенков“
Како и пред поранешна Градска кафеана во центарот на Прилеп

Паралелно со решавање на проблемите со сообраќајот локалната самоуправа ги решаваше и проблемите со паркинг просторите. Се изгради катна гаража со 400 паркинг места, а во завршна фаза е уште една катна гаража со капацитет од 200 паркинг места. Во план исто така е изградба на повеќе помали монтажни катни гаражи, и тоа кај :

Позади поранешна Градска кафеана со капацитет од околу 200 возила
На просторот помеѓу поштата и новата Општинска зграда со капацитет од околу 100 возила
На просторот пред „Кам маркет“, кај кружен тек „Карпалак“, со капацитет од приближно 100 возила
На парцелата на постојниот паркинг пред центарот за култура „Марко Цепенков“ со капацитет од приближно 100 возила

Сега Прилеп располага со 1.100 паркинг места распоредени во централното градско подрачје кои ги опслужуваат повеќе од 40 вработени лица. Градот е поделен на три зони за паркирање А, Б и Ц. Воведен е систем и за наплата по пат на СМС порака и грепки.

Наредните планови во однос на платениот паркинг простор се :

Осовременување на системот на наплата и контрола
Засадување на повеќе зеленило или изградба на настрешници на постојните паркинзи
Изградба на паркинзи за тешки товарни возила на периферијата на градот

Крајната цел на сите овие мерки и инвестиции е поголемо користење на јавниот превоз и велосипедите, со што ќе се намали загадувањето на животната средина и ќе се намали сообраќајниот метеж во центарот на градот, се наведува во информацијата на Општина Прилеп.

Слични содржини