Многу жртви во  експлозија во Кабул , бројката на загинати и повредени  е на околу 450 цивили.

Според информациите на Министерството за здравство на Авганистан, загинале најмалку 80 лица, а повредените се над 350. Информациите е од околу  10:20 часа од Ројтерс.

Најмоќниот експлозија избувнала во дипломатскиот кварт на Кабул, Авганистан, во близина на германската амбасада  Експлозијата се случила околу 8.30 часот по локално време .

Нема повредени припадници на персоналот на амбасадата. Како резултат на експлозијата се нанесени материјални штети на зградата на дипломатското претставништво и соседните згради.

Локалните власти го блокираа регионот . Околностите за инцидентот се разјаснуваат. Сомнѓот е дека е  експлозија на автомобил-бомба, но нема податоци кон кого е насочен нападот.

 

 

Според агенција  РИА Новости, од експлозијата се повредени над 100 лица . Експлозијата од утрово е недалеку од претседателската палата и зградите на странските дипломатски мисии . Многу згради се оштетени, искршени  прозорци и врати.

Според информациите на Ројтерс пред амбасадата на Германија експлодирал автомобил . Од експлозијата е оштетен и зградата на агенција Ксинхуа во авганистанската престолнина Кабул.

Директорот на болничката служба во авганистанскиот главен град изјави дека бројот на жртви може да се зголеми бидејќи голем дел од ранетите се во критична состојба.

Досега никој не презеде одговорност за нападот.