Мајката на 8-годишната Сафи Роуз Русос, која загина во крвавиот напад во Манчестер, веќе е свесна и е известена за трагедијата, пишува британскиот весник Telegraph. 48-годишната Лиза Русос беше критично ранета при трагедијата за време на концертот на Ариана Гранде.
До овој момент тоа беше на респираторни системи и не знаеше дека ќерката и починала. Семејниот пријател и сосед Мајк Свон сепак откри дека сега веќе нејзиното семејство и кажало за смртта на Сафи и таа малку по малку почнува да сфаќа што се случило. ” Таа се уште е во болница, но може да ги движи нозете, што е одлично” , раскажува Свон.
Поголемата сестра на Сафи – Ешли, која исто така беше ранета во нападот, исто така се опоравува добро. Крис Аптон, учител на 8-годишната жртва, ја опишува како “убаво девојче – во секоја смисла на зборот”. “Таа беше сакана од сите и нејзината топлина и мииот однос ќе остане за секогаш запаметен” , рече тој за неа.