Слободата на медиумите во ЕУ треба да биде запазена, но случајот со Чешка е системски проблем, заклучиле европратениците. Ова стои во соопштението на прес центарот на Европскиот парламент. 
Пленарните дебати се спроведуваат како реакција на аудиозапис, за кој се тврди дека покажува – како лидерот на партијата ОНА и поранешен вицепремиер Андреј Баби им дава инструкции на новинарите кои работат за неговата медиумска група, како да ги напаѓаат неговите политички противници.
Голем број европратениците ги осудија наводните активности на г-дин Баби, но истакнаа дека ова изгледа повеќе како неуспех на еден политичар, отколку како знак за системска злоупотреба на медиумите од страна на владата. Некои европратеници изразија мислење дека Парламентот воопшто не би требало да се дискутира за прашањето, тврдејќи дека Чешката влада се справува со ситуацијата. Други истакнаа дека проблемот излегува надвор од рамките на Чешката Република и ја повика ЕУ да преземе мерки со кои се гарантира медиумскиот плурализам во Европа.