Повеќето од нас го поврзуваат оргазмот со блажено ослободување на задоволство.
За некои, сепак големата кулминација може да доведе до прилично неочекувани несакани ефекти – вклучувајќи халуцинации, плач и кивање.
Оргазмот се карактеризира со чувства кои го покриваат целото тело и карлицата, црвенило, зголемен срцев ритам и крвен притисок, како и тешко дишење.
Психолошките ефекти може да вклучуваат чувство на љубов, среќа и опуштање.
Авторите на новото истражување објавено во Sexual Medicine Reviews, заклучуваат дека човечкиот сексуален одговор е комплексен и разновиден. Така тие ги прикажуваат некои од најчудните симптоми кои може да се појават, по оргазам.
Плач
Можно е после секс да станеме тажни, депресивни или вознемирени. Оваа состојба е позната како “меланхолија после секс”.
Според експертите тоа е честа и се случува дури и кај стабилните и долгорочни врски.
Халуцинации
Некои жени велат дека нивниот партнер буквално ги пренесува во друг свет.
Од околу 50 жени, кои признаваат дека имале “проширен сексуален одговор”, 76% објавиле за чувство на летање. Околу 75% од учесниците изјавиле дека доживеале чувство како да ги напуштаат своите тела, а 24% од нив го опишуваат чувството дека се во анимиран свет.
Околу една четвртина од тие кои учествувале зборуваат за дежа ву по оргазам.
Кивање
Податоци поврзани со кивање и оргазмот, датираат од 20 век. Всушност еден случај од 1972 година го опишува 59-годишен маж, кој развива тешка кивавица и течење на носот по оргазам, а неговата состојба трае цели 10 години.
Според експерти активирање на еден дел од парасимпатиковиот нервен систем за време на оргазам може да го отклучи другиот негов дел, што предизвикува кивање.