АНАЛИЗА: Има ли “бум” на тероризмот во Европа?

од desk3
296 прегледи

 

 

По серијата од терористички напади во Западна Европа во последните месеци многу медиуми информираат за бум на тероризмот на континентот, а политичарите нудат воведување на нови мерки за безбедност и ограничување при влезот на мигранти.

Дали во реалноста постои тренд на зголемување на терористичката активност ? Голем дел од одговорот на ова прашање лежи во Global Terrorism Database (GTD) – импресивна низа од податоци, вклучувајќи речиси 160 000 одделни терористички напади од 1970 година, класифицирајќи  ги по речиси 140 показатели : географска поставеност, извршители, број жртви и повредени, организации кои се користат оружје, цел и други.

 

Трендовите во терористичката активност го презентира изданието “Инфограф”, во своето истражување го вклучува тероризмот од септември 2016 година во Западна Европа. Првиот избор на податоци од GTD  ги вклучува нападите и жртвите на тероризмот во Западна Европа. Причина за овој избор е поради тоа што  последните големи напади на континентот се случија токму во западните земји (Германија, Франција, Белгија). Во прилог, методологијата на GTD ги вклучува и  податоците на многу случаи на ненајавени воени дејствија (конфликтот меѓу Русија и Украина во 2014/2015, на пример).  

 

Споредбата на терористичката активност во Западна Европа во последните 45 години доста категорично ја отфрла тезата според која се забележува невиден скок на терористичката дејност. Дури напротив, од 2000 година такввиот скок  речиси отсуствува, во споредба со 70-те и 80-те години на XX в., За време на шпицот на активноста на организациите како ИРА, ЕТА и РАФ . Се променил и карактерот на самите терористички акти. Додека во 70-тите и 80-тите години имаше бројни напади, кои повредуваа и убиваат мал број на луѓе ( со некои важни исклучоци како на пример нападот лет на PanAm над Локерби во 1988 година – бел. Ред. ),  во новиот милениум релативно мал број напади земаат многу жртви ( бомбашкиот напад во мадридското метро од 2004 година,  нападите во Париз во октомври 2015 година ).

2016 година не е вклучена во GTD. Станува јасно дека има причини да се зборува за нов одржлив (иако не невиден) раст на терористичката дејност, но е премногу рано да се прават цврсти заклучоци. Иако GTD не вклучува официјална информација за мотивацијата зад извршувањето на поединечните терористички акти, првиот впечаток е дека додека во минатото поголемиот дел од терористичката активност била извршена од националистички или комунистички групи, денес речиси сите терористички акти се поврзани со религиозни (најмногу – исламистички) организации .

Додека Западна Европа ужива период на релативен недостаток на терористичка активност во последниве години, на глобално ниво трендот на нападите е во постојан раст, но расте и бројот на жртвите во текот на последните 45 години, забележува уште “Инфограф”. Причина за тоа е засилената активност на многу религиозни организации во Блискиот Исток и Азија, како и на комунистички (националистички организации во Латинска Америка ). Дел од овој раст може да се припише и на подоброто и прецизно покривање на терористичката активност, што доведува до вклучувањето на повеќе случаи во GTD. Сепак трендот на зголемување на терористичката активност не може да се намали. Меѓу најважните фактори е и наглото зајакнување на активностите на неколку големи организации, меѓу кои “Исламска држава”, “Боко Харам” и различните талибански групи, за што сведочи концентрацијата на растот на тероризмот во неколку земји – Ирак, Авганистан, Пакистан, Нигерија.

Кои се најактивните групи?

Терористичките групи кои извсршиле најмногу терористички акти, можат да се поделат на три групи: исламистички ( “Боко Харам” , “Исламска држава” ), националистички (ИРА, ЕТА) и марксистички (FARC, SL), како некои организации споделуваат карактеристиките на двете последни групи. Класификацијата на GTD води до некои забуни при одредувањето на најактивните групи, најмногу поради фактот дека некои организации се групирани по семејства ( “талибанци”, “Палестинци”, “маоисти”). Ова ги “турка нагоре” и им овозможува да се споредуваат со одделни големи терористички групи. Токму тоа го прави и талибанската  најактивна група според GTD, иако практично под ова име се вклучени многу различни помали и поголеми групи . Ова остава  впечаток дека повеќето од најактивните групи дејствуваат со децении, но по нив е рангирана и релативно новата “Исламска држава”. Најблиска држава во која е извршен ваков терористички акте е во Бугарија. Единствен таков акт е  нападот на Хезболах над автобус со Израелци во 2012 година