108
Владата на Република Македонија денеска напладне ќе ја почне втората седница.
Вчера, на првата седница, меѓу останато, беа формирани работни тела и избрани генерален секретар и определени заменици претседатели на Владата.
На седницата, како што соопшти владината служба за информирање, е изразена заедничка согласност за посветена и ефикасна работа на членовите, во интерес на потребите на граѓаните и на државните интереси на Република Македонија, низ добра соработка и меѓусебно почитување.