Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека отсуството на остра реакција од страна на Москва спрема протерувањето на петмината руски дипломати од Молдавија е резултат на договорот меѓу претседателите Владимир Путин и Игор Додо, пренесоа Regnum. 
“Одговорив – побаравме петмина молдавски дипломати да ја напуштат територијата на Русија. Но не кријам дека многу наши колеги беа во искушение да воведат и мерки на казнување, вклучувајќи и ограничување на работата на мигрантите од Молдавија “, изјави Лавров. Тој додаде дека претседателот Путин одлучил засега да не ја спроведе оваа мерка.
“Тој зборуваше со претседателот на Молдавија Игор Додо и двајцата постигнаа договор. Тешко е да се трпат бесконечните обиди за понижување. Народот ни е трпелив и тој квалитет останува на сила, но тој е и горд, подготвен да ги брани позициите, кога се обидуваат вештачки да се предизвикуваат иритирачки реакции “, додаде Лавров.
97