Германскиот производител Mercedes успеа да јапродаде првата серија од теренецоткој е најскапиот сериски автомобил од оваа класа во историјата. Циркулација на серијата е 99 единици, како според изданието Top Gear сите тие веќе имаат нови сопственици.
Имињата на купувачите не се откриваат а се мисли дека сите тие се важни личности кој можат да си ја дозволат колава. Мерцедес го претстави овој модел на саемот во Женева со стартна цена од 630 000 евра која со сите додатоци може и дупло да се накачи.
Во основата на Mercedes-Maybach G 650 Landaulet е моделот Mercedes-Benz G500 4×4 од кој го добил моќниот систем на кочење .Под хаубата е поставен 6,0 литарски V12 би-турбо мотор кој развива моќност од 630 КС и 1000 Nm. Моторот е комбиниран со 7-степен автоматски менувач 7G-Tronic.