Google Maps ќе покажува колку е загаден воздухот во градот

од desk3
79 прегледи

Google Maps започнува со тестови на нова функција која ќе покажува колку е загаден воздухот во градовите. Технологијата се развива заедно со Фондот за заштита на животната средина и ја стартува компанија Aclima, соопштува интернет изданието TechCrunch.Google ги додаде сензорите на Aclima кон своите автомобили кои ги фотографираат улиците за услугата Street View. Сензорите го мерат нивото на различни материи во воздухот, вклучувајќи ги издувните гасови на автомобилите. Така создаваат детална карта за вообичаеното ниво на загадување на секоја улица. Затоа се мери сообраќајот што, за да има приближни вредности на загадувањето во реално време.