Марс имал топло езеро со услови за живот

од desk3
69 прегледи

Кратерот Гејл всушност бил топло езеро со услови за живот. Ова го покажуваат податоците од нови студии на астрономите, соопшти онлајн изданието Ars technica.Според најновите информации кратерот Гејл бил топло Езеро во текот на околу 700 милиони години. Тоа е доста долг период на време. Езерото е исчезнато пред околу 3,1 милијарди години, но дури и тогаш по површината на планетата имало вода на други места уште долго време.

Податоците покажуваат дека првично водата била ладна. Со затоплувањето на Марс сепак се формирале различни слоеви во езерото. Горниот дел е топло и богато со кислород.

Сепак податоците покажуваат дека временскиот период за потенцијален живот на Марс бил доста подолг од очекуваното – вкупно над 1 милијарда години. Тоа дава повеќе можности на научниците да откријат евентуалното присуство на остатоци од бактерии или некој друг органски материјал. Научниците истакнуваат дека на Земјата и било потребно многу помалку време по формирањето на соодветни услови за да се појави живот. Ова значително ја зголемува веројатноста и на Марс да имало барем некаква форма на живи организми, иако се уште недостасуваат директни докази за тоа.