Владата од Прибе очекува нов абдејтиран план за итни реформи во наредните три месеци

од desk3
102 прегледи
Конкретен список со задачи што Македонија ќе треба да ги исполни во наредните три месеци – за да добие безусловна препорака, очекува вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.
 
– Владата е посветена за ангажман за итни реформски приоритети во овие неколку месеци. Во Брисел ќе разговараме за најургентните прашања, за до крајот на летотот добиеме безусловна препорака за започнување на преговори.  Очекуваме  да се срочи нов абдејтиран ургентен план на приоритети кој треба да ги решаваме во привите три месеци, за да дадеме порака дека сме подоготвени, сите инситутции да ја вметнеме европската агента во секоја пора на општеството и некаде до септември, октомври да добиеме безусловна препорака за започнување на преговоите, рече Османи
Доаѓањето на Прибе и неговиот тим експерт се очекува за крајот на месецов, а главниот фокус ќе биде во правосудството./24Вести