Британската полиција веќе користи нова технологија за препознавање на лицето

од desk3
75 прегледи

Полицијата во Велика Британија веќе користи нова технологија за препознавање на лица со цел идентификување на криминалци, соопшти Телевизискиот канал ITV.Новата технологија била користена во крајот на мај во Велс, но тоа беше официјално потврдено денес. Камери за надзор идентификувале осомничен, споредувајќи ја неговата фотографија со фотографии од база на податоци, забележува уште БГНЕС.

Полицијата во Велс ја користише пробно оваа технологија за време на финалето на Лигата на Шампионите во Кардиф. Ако беше успешно, органите на редот ќе ги применуваат новите методи за спречување на кривични дела.