
Хрватската тениска легенда Горан Иванишевиќ го даде своето срце на прекрасната водителка Нивес Чанович. Двајцата не се разделуваат еден од друг, а Нивес постојано објавува слики на профилот на социјалната мрежа Instagram.
Иванишевиќ е со својата девојка и во Париз, каде што двајцата ги гледаат дуелите од тенискиот турнир од Гренд слем “Ролан Гарос”.
За врската помеѓу 45 годишниот поранешен шампион од “Вимблдон” и Нивес Чанович се зборува некое време, а водителката тоа потврдува со објавено заедничка слика на двајцата.