Состојки:
1 тесто за пица
250 г шунка по ваш избор
2-3 црвени пиперки, може и од маринада
1-2 топки моцарела
150 г рендан кашкавал
оригано, сол, црн пипер
50 г путер
2 чешниња лук
бибер по желба
Подготовка:
Се шири тестото за пица во правоаголна тава. Наредете на него исечена шунка и кашкавал/моцарела така, како што е прикажано на сликата. Потоа зачинете со оригано, чили пипер, ставете исечени пиперки и посипете со рендан кашкавал.
Замотајте внимателно во ролна. Во чаша комбинирајте стопен путер заедно со толчен лук, сецкан магдонос, сол и бибер по вкус. Промешајте и намачкајте ги калемите од сите страни.
Ставете го во тава врз хартија за печење и печете во загреана рерна на 200 степени до подготвеност. Послужете со кечап или сос по ваш избор.