Состојки:
4 моркова
4 тиквички
3 модри патлиџани
1 врска кромид
1 врска лук
7 црвени пиперки
7 зелени пиперки
1 кг домати
неколку страка магдонос
150 г сирење
сол, црн пипер
4-5 јајца
50 мл масло
Подготовка:
Зеленчукот се сече и се запржува во малку масло. Кога е речиси готов се става во тава.
Врз нив се крши по едно јајце и се запечува во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути. При сервирање посипете ја секоја порција со малку сирење и кромид (млад).
1,8K