

За претседател на Комисијата е предложен пратеникот од Колцијата предводена од СДСМ,Павле Богоевски.
Во оваа комисија членуваат и Трајко Вељаноски и Борис Змејковски од ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Костов, Александар Кирацоски, Мирослав Јовановиќ (СДСМ) и Агим Шакири (ДУИ).
Во Комисијата за надзор на тајните служби УБК и АР ќе членуваат и Иван Иванов, Благица Ласовска, Трајче Димков (ВМРО-ДПМНЕ), Фросина Ременски, Петре Шилегов, Мухамед Зекири, Хари Локвенец (СДСМ)и Ејуп Алими (ДУИ).
За претседател на Комисијата за надзор на мерките за следење на комуникации е предложен Емил Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ. За членови на комисијата се предложени Ејуп Алими (ДУИ), Васко Ковачевски, Тања Ковачев (СДСМ) и Лилјана Затуроска (ВМРОДПМНЕ).
Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ е предложена за претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.
Специјалното јавно обвинителство пред Основниот суд Скопје 1 поведе процес за случајот од 2013 година со шамарите во општина Центар во кој Рангелова е една од 13-темина обвинети. Таа е обвинета дека од просториите во Советот на општината, ги координирала по мобилен телефон насилниците кога да „удрат“ врз бараката во која беа таа и останатите советници на прекинатата седница за време на нападот.
Рангелова е една од осомничените и во најновиот случај на СЈО „Талир“ за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.