Научниците од истражувачкиот институт Ротман во Торонто откриле дека миењето на рацете влијае позитивно врз флексибилното размислување, пренесе агенцијата УПИ.
Експертите открија дека интелектуалните приоритети на учесници кои ги измиле рацете со влажни марамчиња, побрзо се преориентирале во нова насока.
Истражувачите го насочиле вниманието на учесниците кон одредена цел или однесувањето како резултат преку игри на зборови или преглед со процес наречен “наредување”. Потоа луѓето требало или само да дадат своето мислење, или да користат влажна крпа. Користачите на марамче помалку реагирале на упатствата.
“Употребата на влажна крпа за раце ја намали склоноста на луѓето на кои им беше наложена на здравствена тематика, да ги почитуваат здравствени препораки – тие претпочитаа парче чоколадо пред десерт со мусли”, рече докторант по маркетинг Пин Тунг.
Миењето на рацете ефикасно ги отстранува старите идеи од мозокот на човекот и го прави подложни на нови начини на размислување. Психолошкиот феномен може да им помогне на луѓето да избегаат од лошите идеи и однесување, за сметка на нови, здрави навики, тврдат научниците.
Психолошките придобивки од чистењето се докажани и порано. Туширање по неморално однесување може да го намали чувството на вина, доживеано од одредена личност.