Постапката за разрешување на Зврлевски – лесна, за назначување на нов – комплицирана

од desk3
108 прегледи

Премиерот Зоран Заев најави дека штом ќе заврши постапката за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски,  Владата веднаш ќе ја почне процедура за именување на негов наследник.

Иако Зврлевски може да биде разрешен и до крајот на оваа недела, именувањето на новиот јавен обвинител е тешка. Таа е пропишана со членот 41 од Законот за јавно обвинителство.

Владата дава предлог до Собранието;

Собранието распишува оглас за кандидати за јавен обвинител во „Службен весник“ и во најмалку два дневни весника од кои еден мора да биде на албански јазик;

Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена од денот кога огласот ќе биде објавен во „Службен весник“.За именувањето на новиот државен јавен обвинител,

Владата мора да поднесе барање за мислење до Советот на јавни обвинители, кое овој пат има обврзувачка улога, за разлика од постапката за разрешување, кога мислењето на Советот е повеќе од процедурална природа.

Советот има рок од 15 дена од денот на приемот на барањето од Владата да даде позитивно или негативно мислење за сите пријавени кандидати.

По ова Владата до Собранието доставува предлог за именување на јавен обвинител со кандидатите за кои Советот дал позитивно мислење.

Доколку Советот на јавни обвинители од оправдани причини во рок од 15 дена не достави мислење, добива дооплнителен рок од 15 денаАко и во овој рок Советот не достави мислење, се смета дека мислењето е позитивно- што е друга разлика од постапката за разрешување.Во случај, Советот да не даде позитивно мислење за ниту еден од пријавените кандидати, Владата не може да достави предлог за именување на јавен обвинител и може да му предложи на Собранието да го повтори огласот.

За разрешувањето и за именувањето на Јавен обвинител, Собранието одлучува со просто мнозинство, односно со 61 глас.

Покрај, основните услови – да е државјанин на Република Македонија, активно да го владее македонскиот јазик, да е работоспособен и да има општа здравствена способност, да има стекнато универзитетска диплома за дипломиран правник во Република Македонија или нострифицирана диплома од странство и да има положено правосуден испит во Република Македонија, кандидатите за државен јавен обвинител треба да исполнуваат и посебни услови. Односно, да имаат работно искуство од најмалку осум години со потврдени резултати на правни работи по положениот правосуден испит, или редовен или вондреден универзитетски професор кој предавал повеќе од десет години правен предмет од правосудната практика.

Се најавува дека новиот јавен  обвинител може да  биде експерт, со доверба, кај граѓаните.

Мандатот на државниот јавен обвинител е шест години, со право на повторен избор.