Сонцето не е исклучок од нормата и најверојатно има двојник. Тоа го тврдат научниците од Универзитетот Беркли, чие истражување ја потврдува теоријата дека сите ѕвезди во универзумот се формираат во парови.
Според научниците секоја ѕвезда во универзумот се раѓа во пар со уште една како неа. Во некои случаи ѕвездите дури можат да бидат и три. Таков е случајот со најблискиот сосед – Алфа Кентавер која е во систем од 3 ѕвезди. Со години астрономите се прашуваат како се формирале овие системи – дали појаката гравитација на една од ѕвездите ја привлекува другата или се “родиле” заедно.
Астрономите со години бараат докази за постоењето на оваа ѕвезда, која е позната по името Nemesis ( “Противник”). Една од теориите е дека токму поради нејзината гравитација се одбил астероид кој ја удрил Земјата и ги уништил диносаурусите.
Судбината на Nemesis сепак останува нејасна. Студиите им покажуваат дека првично ѕвездите се формираат заедно, но со прилично големо растојание меѓу нив – 500 AU или како 17 пати растојанието меѓу Нептун и Сонцето. Потоа за ѕвездите има две можности да бидат заедно – ако има доволно силна гравитација можат да се приближат и да формираат стабилен бинарен систем. Ако нема доволна гравитација – едноставно ќе се разделат. Според научниците токму тоа се случило меѓу Сонцето и Nemesis. Моделот им посочува дека Nemesis се одвоил и во моментов најверојатно е меѓу другите ѕвезди во нашата област на Млечниот пат.