НАСА откри 7 планети кои може да одржуваат живот

од desk3
90 прегледи

Астрономите на НАСА откриле планетарен систем, во која има барем 7 планети со големина на Земјата. Тие се во т.н. “Погодна зона” и се најреална можност да имаат течна вода и услови за живот. Тоа е откритието на вселенската агенција што гообјави за време на специјална прес-конференција.

Планетарен систем орбитира околу ѕвездата Trappist-1, која се наоѓа на околу 40 светлосни години од Земјата и за која досега научниците сметаа дека е премногу слаба и не и обрвнуваа внимание. Минатата година тие објавија дека околу неа има барем 3 планети и тие беа првите екстрасоларни планети кои астрономите кажаа дека кружат околу студена ѕвезда.

Во процесот на дополнително истражување на трите планети со повеќе телескопи, научниците открија дека трите планети се всушност барем седум. Интересно е дека и седумте се во т.н. “Погодна зона”. Научниците за прв пат откријаа толку многу екстрасоларни планети со потенцијална достапност на услови за живот во еден заеднички планетарен систем.

Бидејќи Trappist-1 е доста помала од Сонцето седумте планети добиваат приближно толку енергија од неа колку Венера, Земја и Марс. Карактеристично е дека и седумте планети се карпести. Научниците направиле компјутерски модели за да ги симулираат условите на планетарен систем. Тие покажуваат дека првите три планети најверојатно немаат вода на површината. Вторите три сепак може да имаат услови за живот, а седмата е забележана само еднаш и сеуште не е добро позната на научниците. Најверојатно таа е премногу далеку и ќе е многу ладна, за да има течна вода на површината.

Научниците велат дека е можно околу Trappist-1 да има уште планети, но е тешко ѕвездата да биде набљудувана од Земјата. Во наредните две години, сепак се очекува да почнат со работа новата генерација телескопи, вклучувајќи го вселенскиот телескоп “Џејмс Веб”, кој ќе го наследи “Хабл”. Според научниците, тоа создава реална можност во рамките на следните десетина години да се започне реално и активно пребарување на вонземски живот.