Што ќе работи СЈО по први јули?

од desk3
94 прегледи
СЈО ќе може да покренува обвиненија за  предмети кои потекнуваат од нелегалното прислушување, само уште 15 дена, до први јули, а потоа нема да има право да работи на нови случаи, освен на веќе покренатите 5, 10 или 20 кривични предмети. Тие веќе се влезени во судска процедура и ќе зависат од судската ажурност за секој посебен предмет.
Спечцијалното јавно обвинителство  има мандат од 5 години а законски рок за поднесување обвиненија од 18 месеци од денот кога ги добиле материјалите, а тоа е 30-ти декември 2015 година, кога лидерот на тогашната опозиција Зоран Заев ги достави во просториите на обвинителството. За да се продолжи рокот за обвиненија потребни се законски измени, односно укинување на членот 22, за кој треба да гласаат најмалку две третини од пратениците во Собранието, што е невозможно, затоа што тоа ја вклучува и поддршката на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Второто решение е членот 22 да го укине Уставниот суд.
Инаку до сега специјланата јавна обвинителка Катица Јанева, во сите појавувања пред јавноста бараше рокот за поднесување на обвинителни акт да се продолжи, бидејќи станува збор за обемни истраги и посочуваше дека нема никаква поддршка и соработка со државните институции.

Во обвинителството се отворени 15-тина истраги, но има обвиненија само за две  – насилните протести пред Општина Центар и злоупотребите во Битола со превозот на ученици познат како случај „Транспортер“. Дел од меидумите објавија дека до крајот на рокот  ќе бидат поднесени уште неколку обвинителни акти, меѓу кои ќе има најмалку два клучни предмета, каде обвинети ќе бидат дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ и поранешни високи полициски функционери. Сепак, повеќето од отвроените истраги нема да бидат завршени во законскиот рок.

Деновиве во СЈО се врши распит на осомничените во повеќе предмети. Секојдневно во обвинителството можат да се видат лица од раководството на партијата, но не и лидерот Никола Груевски кој заминал надвор од државата, на одмор. Осомничените без исклучок тврдат дека се невини и дека станува збор за прогон бидејќи СЈО, според нив, било продолжена рака на СДСМ.