Анѓушев: веднаш да се стопираат јавните повици на ЕЛЕМ за тендери во вредност од 80 милиони евра

од desk3
254 прегледи

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев бара веднаш да бидат стопирани процедурите за објавување на јавните повици на АД ЕЛЕМ за набавка на рударска опрема за РЕК Битола и за изградба на топлификација на Битола, Новаци, Логоварди и Могила во вредност од околу 80 милиони евра. Тој вели дека владата се согласува со модернизација на капацитетите на ЕЛЕМ, но сето тоа најпрво треба да помине на владина седница. На јавноста, додава тој, и е познато дека во изминатите 11 години имаше спорни и незаконски тендерски постапки и избор на изведувачи на тендери објавени од АД ЕЛЕМ, а тоа оваа Влада нема да го дозволи.

СДСМ, пак, преку партиско соопштение, реагира дека сите тендери на ЕЛЕМ внимателно и темелно ќе бидат ревидирани.

Претходно, директорот на ЕЛЕМ Христијан Мицкоски најави инвестиции од околу 80 милиони евра.

Од СДСМ со ракција на најавата на директорот на ЕЛЕМ, Мицковски. Во неа стои дека тој нема право да ветува ништо повеќе, туку треба да одговори зошто 11 години се распишуваа сомнителни тендери, наместо ЕЛЕМ сам да врши ископ на јаглен и јаловина.

“Цели 11 години, стотици милиони евра се одлеаа по фирми блиски на ВМРО-ДПМНЕ, преку ангажирање на надворешни фирми, за што се водат и кривични процеси пред судовите. Денешната најава за распишување на два нови тендера само потврдува дека во овие 11 години, капиталните инвестиции во енергетиката никогаш не биле во фокусот и интересот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски и Никола Груевски.

Сите тендери внимателно ќе бидат темелно ревидирани од новото раководство чиj врвен приоритет ќе биде зголемување на домашното производство, но и реализација на клучните енергетски капацитети”, стои во партиското соопштение на СДСМ.