Нови директори на УЈП и Агенцијата за храна и ветеринарство

од desk3
144 прегледи

Нови директори и на УЈП и на Агенција за храна и ветеринарство. За директорка на УЈП е именувана Сања Лукаревска, а за директор на Агенцијата за храна и ветеринарство е именуван Зоран Атанасов.

Владата ги разреши членовите на Управниот одбор на шумскиот резерват Јасен. За нови членови на УО на Јасен се именувани Марјан Даскаловски, Зоран Наков, Ирена Станкоска, Ристо Спасовски и Илми Селмани.

Владата, за в.д. директор на Државниот просветен инспекторат го именуваше Томе Спировски. Разрешена е в.д. директорката Надица Николоска, поради тоа што е констатирано дека и е истечен мандатот од 9 мај 2017 година.

Од вршител на должноста директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, на негово барање е разрешен Ванчо Шехтански.

На  седницата Владата за членови на Економско-социјалниот совет ги именуваше Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика, Драган Тевдовски, министер за   финансии, Крешник Бектеши, министер за економија и Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските.