Влада ја разгледа и усвои информацијта за штетите врз земјоделските култури од невремето

од desk3
141 прегледи
Владата на Република Македонија, на вчерашната седница донесе одлука да овозможи бесплатна услуга, одмор и рекреација, на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за ова лето, 2017 година, за што е задолжено е Министерството за труд и социјална политика во рок од 5 дена  да донесе Програма за седум дневен одмор за време на летниот распуст во учебната 2016/2017 година.

Владата ја разгледа и усвои информација за штетите врз земјоделски култури од невремето на 14 јуни во скопскиот, тетовскиот, велешко – светиниколскиот, кумановскиот, штипскиот и гевгелискиот регион. Задолжено е ресорното Министерство за земјоделство да формира комисии коишто по поднесените барања од земјоделците ќе ја утврдат настаната штета. Рокот за поднесувње на барањата е од 19.06 до 30.06.2017, а се достауваат до подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Владата го усвои предлогот на Министерството за образование за објавување Конкурс за запишување студенти наа прв циклус студии на студиските програми на универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје, во учебната 2017/2018 година. Донесена е и одлука за дополнителни квоти за запишување студенти, припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија во прва година прв циклус на студии, на јавните високообразовни установи на универзитетите:  “Свети Кирил и Методиј” во Скопје, “Свети Климент Охридски” во Битола, универзитетот во Тетово, универзитетот “Гоце Делчев” во Штип, универзитетот за информатички науки и технологии “Свети Апостол Павле” во Охрид и универзитетот “Мајка Тереза” во Скопје, во учебната 2017/2018 година.