Податоците собрани од мисијата на Curiosity до Црвената планета покажуваат дека изложеноста на огромни количини радијација е едно од најголемите предизвици со кои ќе треба да се соочи човештвото при патувањето до Марс.
Ако планирате да патувате кон Марс во наредните години, тоа дефинитивно се лоши вести за вас, истакнуваат научниците од NASA. Без потребната висока заштитна технологија едноставно ќе бидете СРЈ и изгорени од радијацијата таму.
Досега научниците претпоставуваа за такво нешто, но податоците од детекторот за оценка на радијацијата за време на патување на Curiosity веќе докажуваат експерименталните модели на NASA.
Со најновата технологија патувањето до Марс трае 253 дена, во кои треба да се поминат 560 милиони километри. За тоа време количеството на радијација што детектор го регистрирал во Curiosity, е повеќе од она на кое можат да бидат изложени астронаутите за целата активна кариера. За време на своето патување, Curiosity бил изложен на 1,8 mSv радијација на ден, која доаѓа од космичките зраци.
“Треба да откриеме начин да стигнете до таму побрзо, за да го намалиме влијанието на зраците”, додава Еди Семонес, специјалист за вселенска радијација во NASA. Засега тоа сепак изгледа невозможно, бидејќи дури и да биде намалено на 180 дена, патувањето повторно ќе доведе до акумулација на прекумерни количини радијација.