Секој си го поставува прашањето што ќе го промени во својот живот, за да се радува на долговечноста.
Дами, ако сакате да живеете долго, имајте повеќе секс, препорачуваат американските експерти, кои утврдиле дека редовниот сексуален живот обезбедува заштита на ДНК, пишува “Дејли експрес”.
За целите на истражувањето специјалисти од Универзитетот Калифорнија – Сан Франциско анкетирале 129 жени на возраст меѓу 20 и 50 години. Учесничките требало да одговараат на прашања поврзани со љубовниот живот. Од жените биле земени и крвни примероци за дополнително истражување.
Тестовите биле насочени кон теломери – заштитни завршетоци на крајот на човечката ДНК кои ја штитат од штета. Тие сведочат за биолошката возраст на човекот. Познато е дека со текот на времето теломерите се скратуваат.
Авторите на оваа студија утврдиле дека жените кои редовно имаат секс, имаат значително подолги теломери од останатите.
“Откритието е уште еднп сведоштво за користа по здравјето од редовната интимност”, пишуваат истражувачите во списанието “Psychoneuroendocrinology”.
Научниците не ја испитувале врската помеѓу редовниот секс и должината на животот кај мажите, но не гледаат причина таа да не е иста.