Не ја пуштајте климата во колата веднаш при влегување

од desk3

На овој начин не само што го ризикуваме сопственото здравје, туку  и здравјето на своите најблиски, потсетуваат од Меѓународната асоцијација на осигурување и повредени при катастрофи. Факт е дека оставајќи ја колата на улица, ние секогаш ги затвараме прозорците, така што никој да не може да влезе внатре. Паркиран на сенка автомобилот кој е со затворени прозорци во текот на денот, акумулира помеѓу 400 и 800 мг бензен.

Ако возилото сепак е паркирано на сонце на температура над 16 степени, нивото на бензен достигнува 2 000 – 4 000 мг, што е 40 пати повеќе од дозволеното ниво . Седејќи во колата во која се затворени прозорците, луѓето почнуваат да дишат бензен. Овој штетен токсин делува лошо на бубрезите, коските и црниот дроб.

Покрај тоа, бензенот се исфрлува од телото многу бавно и слабо. Затоа, пред да го вклучите клима уредот, отворете ги прозорците за 2 минути. Така не само што ќе се проветри, туку и  ќе се ослободи од штетните испарувања кои се насобрале.

Слични содржини