„Спејси Екс“ денеска истрела 10 комуникациски сателити

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Американската компанија “Спејси Екс” истрела денес ракета-носач “Фалкон 9” со 10 комуникациски сателити Iridium NEXT на палубата. Акцијата се случи во 13:25 по локално време на воздухопловната база на “Спејси Екс” во Калифорнија.

Поради неповолните временски услови, изразени во густа магла, имаше потреба сепак од промена во однос на првичниот план. Се наметна да се пресели во последен момент на далечна платформа во Тихиот Океан, каде долниот степен на ракетата носач требаше да слета автономно.

Сепак мисијата беше успешна. “Иридум” е глобален провајдер на сателитски услуги, со седиште во Вашингтон, а низ времето во вселената се пуштени вкупно 75 негови сателити – сите истрелани од компанијата на Муск.